четврток, 23 април 2026

Де Бур си поднесе оставка, Холандија ќе бара нов селектор

Објавено на

часот

Сподели

Холандија имаше разочарувачки настап на Европското првенство. По перфектниот учинок во групната фаза, Холандија доживеа елиминација од Чешка во осминафиналето и рано го заврши настапот.
 
По овој неуспех, Де Бур реши да се повлече од селекторската функција.
 
„Кога бев назначен за селектор во 2020 година, знаев дека е чест и предизвик, но во исто време и притисок да се биде на оваа функција“, вели Де Бур.
 
„Тој притисок сега само се зголемува, и тоа не е здраво за мојата ситуација, ниту за составот кој ќе ги игра квалификациите за СП“.
 
„Сакам да им се заблагодарам на сите, на фановите, фудбалерите. На менаџментот кој креираше навистина врвна спортска клима тука“.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ