„Синоќа, околу 19:30 часот на подрачјето на Чаир, полициски службеници од СВР – Скопје ги лишија од слобода Ј.Г., на возраст од 35 години и еден малолетник, двајцата од Романија, постапувајќи по претходна пријава дека измамиле 83-годишна скопјанка. Според пријавеното, Ј.Г. дошол во домот на оштетената на подрачјето на Ѓорче Петров, претставувајќи се како продавач на луксузни производи за домаќинство и со измама ѝ одзел 300 евра и златен накит, во вредност од околу 300.000 денари“, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.
По целосно документирање на случајот, како што додадоа од МВР, ќе биде поднесена соодветна пријава.






