четврток, 23 април 2026

Данска е првиот четвртфиналист на ЕП, лесен триумф над Велс (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Данците одиграа уште еден одличен натпревар, беа подобар противник од Велс и заслужено се пласираа меѓу осумте најдобри на Европското првенство.
 
Резултатот беше отворен во 27. минута кога по додавање на Дамсгор, Долберг постигна убав гол од далечина за водство на Данска од 1-0.
 
По само три минути игра во второто полувреме Долберг постигна уште еден гол за 2-0.
 
Пред самиот крај на натпреварот уште една убава реализација на Данска, овој пат стрелец беше одличниот бек Меле 3-0.
 
Потоа следуваше црвен картон на Вилсон поради опасен старт, можеби престрого, Велс остана со фудбалер помалку.
 
Во третата минута од судиското продолжение, Брејтвајт погоди за конечни 4-0.
 
Данска во четвртфиналето ќе игра со подобриот од натпреварот меѓу Холандија и Чешка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ