Барселона се мачи и под водство на Чави, испадна од Лигата на шампионите, а и во Ла Лига игра тешко.
Тие едвај го победија Елче со 3-2 на Камп Ноу, Чави е свесен дека нивото во моментов не е задоволително.
„Барса го има загубено својот модел на игра и мораме да го вратиме тоа. Не бев тука шест години и некои работи поврзани со тактиката ме изненадија. Не знам кој е одговорен за тоа, но секако ни ја отежнуваат работата. Поголемиот дел од играчите не го разбираат позиционирањето на играта. Јас некои механизми на таквата игра ги знаев од 11 години, а сега во тимот имаме фудбалери кои тоа не го знаат“, вели Чави.
„Мило ми е што моите млади играчи не се плашат, иако некои имаат по 17 години. Имаат силни личности, особено Гави, кој против Елче беше спектакуларен. Јас на 18 години малку се плашев кога излегував на терен“.






