понеделник, 27 април 2026

Алегри лут на Јувентус, не му ги донеле Икарди и Пјаниќ

Објавено на

часот

Сподели

Макс Алегри ова лето се врати во Јувентус откако експериментот со Андреа Пирло во сезоната 2020/21 не беше успешен. Но стартот на сезоната не оди според планот, „старата дама“ освои само еден бод од два меча а си замина и Кристијано Роналдо, кој беше најдобар поединец изминативе години.

Последните информации велат дека Макс Алегри е лут на претседателот Андреа Ањели и спортскиот директор Федерико Керубини. Проблем е настапот на трансфер пазарот, стратегот го известил раководството дека едно се договориле кога го превземал кормилото, а сосема друго било сработено во преодниот рок.

Се шпекулира дека Макс Алегри побарал ангажман на „реџиста“ и Миралем Пјаниќ требал да се врати во Торино. Стратегот исто така е разочаран што не бил купен Мауро Икарди, кој требал да биде засилување за нападот по заминувањето на Кристијано Роналдо.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ