недела, 26 април 2026

Ал Келаифи му кажал НЕ на Мбапе, напаѓачот го потсетил какво ветување добил во 2017

Објавено на

часот

Сподели

Иднината на Килијан Мбапе останува топ тема, напаѓачот е под договор до 2022 и преговорите за продолжување на соработката тапкаат во место. Се пишува дека Французинот одбил неколку предлози, сака да замине и да се пресели во Реал Мадрид.

Според Газета дело Спорт, Килијан Мбапе оваа недела имал состанок со Насер Ал Келаифи и уште еднаш изразил желба да направи трансфер. Сепак, првиот човек на ПСЖ му одговорил дека нема да добие зелено светло за напуштање на „Паркот на принцовите“.

Напаѓачот ја искористил оваа прилика да го потсети Насер Ал Келаифи за ветувањето кое го добил кога во 2017 пристигнал во Париз, односно дека клубот нема да му прави проблем кога ќе побара да ја промени средината, но одговорот останал НЕ.

Иднината на Килијан Мбапе беше тема на разговор и на прес конференцијата на Маурисио Покетино, кој порача дека играчот останува без разлика каков исход ќе имаат преговорите за новиот договор.

„Мбапе е мотивиран и работи напорно. Во мислите го има само утрешниот натпревар, фокусиран е. Трансфер шпекулациите се дел од фудбалот, некои работи на крајот се реализираат, други не. Не знам дали им потврдил на соиграчите од соблекувалната дека останува, јас со него разговарам само за фудбал. Тој има уште една година од договорот, па дури и да не го продолжи, ќе остане во ПСЖ“ – рече тренерот на „светците“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ