Лео Меси минатиот месец стави крај на авантурата во Барселона, Аргентинецот беше подготвен да потпише нов договор, но правилата на Ла Лига за финансиски фер-плеј не дозволија нова соработка, па напаѓачот замина од Камп Ноу и се пресели во ПСЖ.
Изминатиов период имаше многу гласини за тоа кој ќе ја наследи 10-ката во Барса, Филипе Кутињо беше споменуван како опција, но на крајот изборот падна на младиот Ансу Фати.
18 годишното момче, кое е продукт на школата, реши да превзеде одговорност и да го носи дресот кој тежи многу.
Ансу Фати, кој во моментов се опоравува од повреда која неколку месеци го одалечи од терените, е најмладиот голгетер на Барселона во Ла Лига и Лигата на шампионите, и се очекува многу од него во иднина.
Un ? hecho en La Masia
⭐️ @ANSUFATI ⭐️ pic.twitter.com/UTwlSfjRds— FC Barcelona (@FCBarcelona_es) September 1, 2021






