Младиот ракометар стави потпис на тригодишен договор со битолскиот им.
„Талентот и квалитетот е неспорен, затоа патиштата ни се спојуваат. Босанскиот интернационалец Едвин Џелиловиќ е нов член на Еурофарм Пелистер. 23-годишното десно крило од Тузла потпиша тригодишен договор со Еурофарм Пелистер и доаѓа во најракометниот град со големи очекувања.
Џелиловиќ ја надмина средината и со серија на титули со Извиѓач ќе пристигне во Македонија. Покрај за овој клуб кој доминира во шампионатот на БиХ, Џелиловиќ го носеше дресот и на Грачаница. Висок е 189 сантиметри и тежок 81 килограми, а во поселдните години остави траги играјќи во Европската лига и ЕХФ Европскиот Куп.
Едвин Џелиловиќ ќе биде официјално претставен на почетокот на подготовките за сезоната 2026/27 во јули годинава“, стои во соопштението на Пелистер.






