За првото место на подиумот се избори Давид Малинковски со тајминг од 02:01.970, втор беше Владимир Тренески со 02:01.969, додека пак трет – Мартин Костовски со 02:04.588.
За прв пат се одржа Tвинго куп со најголем број на учесници што ја направи трката една од најдобрите досега, полна со возбуди и адреналин и фантастични поминувања помеѓу возачите.

„За влакно ни побегна подиумот во генералниот пласман од причини што во последниот круг Давид Малинковски од шесто место успеа да стигне на третата позиција на два свиоци пред крајот на трката влегувајќи во заветнина, со што добива повеќе моќ возилото, па многу големи беа шансите да заврши прв на пиедесталот. Но, еден од учесниците од купот излета, се преврте на кров при што беше дигнато црвено знаме на патеката и со тоа трката беше прекината. По правилата на ФИА се земаат резултатите од последниот круг каде Малинковски беше шестопласиран.
Пласманите на останатите натпреварувачи се: Ангелче Стојковски (22), Слободан Трајковски (23), Марко Блажевски (24) и Зоран Мираковски (26).
За кратко време нашите млади и надежни возачи заедно со АКК Рено спорт успеаја да се искачат на врвот во авто спортот и достоинствено да ја претстават нашата држава.

Со овој триумф на Малинковски веќе го зазема првото место во генералниот пласман со 62 бода.






