понеделник, 13 јули 2026

Манасиевски: СДС, Левица и ДУИ да престанат со блокадите и да овозможат и дијаспората да гласа

Најголема жртва на блокадата на СДС, Левица и ДУИ е македонската дијаспора, изјави Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Објавено на

часот

Сподели

„Најголема штета од блокирањето на Изборниот законик од страна на СДС, Левица и ДУИ нема да претрпи ВМРО-ДПМНЕ, туку македонските граѓани кои живеат надвор од државата. Со месеци се бараше заедничко решение, но наместо процесот да заврши со политички консензус, СДС, Левица и ДУИ избраа да го блокираат законот и да ги стават сопствените партиски интереси пред интересите на десетици илјади македонски иселеници.

ВМРО-ДПМНЕ јасно порача дека ќе ги прифати сите барања на опозицијата, иако тие барања не се суштински, само дијаспората да може да гласа по електронски пат или по пошта.

Македонската дијаспора заслужува еднакво право на учество во изборните процеси. Затоа ги повикуваме СДС, Левица и ДУИ да престанат со блокадите и да покажат одговорност, за конечно да се донесе Изборниот законик во интерес на сите македонски граѓани, без разлика на тоа каде живеат“, рече Манасиевски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ