Челси излезе со соопштение, тие застанаа во одбрана на Мудрик, но велат дека ќе соработуваат со сите надлежни органи.
„Челзи потврдува дека Фудбалската асоцијација на Англија го контактираше Михаило Мудрик за позитивен тест по рутинска уринарна контрола. Клубот и Михаило целосно ја поддржуваат програмата за тестирање на ФА. Сите наши фудбалери редовно и регуларно се тестираат. Мудрик потврдува дека категорично отфрла шанса свесно да користел забранети супстанци“, напишаа од Челзи.
И самиот Мудрик излезе со изјава, тој вели дека не земал намерно супстанца која е забранета.
„Можам да потврдам дека бев известен дека примерокот доставен до ФА содржел забранета супстанца. Ова е комплетен шок за мене, никогаш свесно не сум користел забранети супстанци и ќе работам со клубот и докторите да истражиме како ова можело да се случи. Знам дека не направив ништо лошо и останувам полн со надеж дека набргу ќе се вратам на терените“, изјави Мудрик.