среда, 30 април 2025

Барселона му даде пет гола на Димитриевски за пласман во полуфинале

Барселона со 5-0 славеше на гостувањето кај Валенсија и се пласираше во полуфиналето од Купот на Шпанија, Столе Димитриевски беше на голот на домаќините на овој натпревар.

Објавено на

часот

Сподели

Македонскиот голман дури пет пати ја вадеше топката од мрежата, а четири погодоци прими за половина час.

Феран Торес за само 30 минути успеа да постигне хет-трик, еден гол во првото полувреме даде и Лопез.

Конечните 5-0 ги постави Ламин Јамал со гол по 15 минути игра во второто полувреме.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ