Игрите без правила и ограничувања, возење велосипед, смислување сопствена забава и родителското „најди си нешто да правиш“ ги учеле на самостојност. Досадата не била проблем што родителите требало да го решат, туку поттик децата самите да смислат нешто.
Токму оваа слобода, ја развила креативноста, досетливоста и вештините за решавање проблеми. Затоа за возрасните кои пораснале во 70-тите и 80-тите често се вели дека не „заглавуваат“ кога никој не им кажува што да прават следно.
Биле слободни да преземаат ризик
Растењето подразбирало качување на опасно високи дрвја, скокање во вода со непозната длабочина, возење велосипед без кацига, па дури и играње со петарди. Немало „хеликоптер-родители“, ниту постојани предупредувања. Секоја гребнатинка, скршена коска или помала незгода го учела нервниот систем на важна лекција.
Истражувањата од развојната психологија покажуваат дека децата кои во текот на играта доживуваат физички ризик развиваат подобра процена на опасноста и имаат пониско ниво на анксиозност подоцна во животот. Нивниот мозок научил да разликува вистинска опасност од ризик со кој може да се управува преку искуство, а не затоа што возрасен би притрчал да ги спаси. Затоа припадниците на таа генерација во кризни ситуации често остануваат смирени и се насочуваат кон решението, додека другите паничат.
Биле препуштени на сопствените мисли
За разлика од денешните генерации, децата од 70-тите и 80-тите ја разбирале вредноста на самотијата. Поминувале часови сами во своите соби, слушајќи албуми од почеток до крај или обидувајќи се да ја снимат омилената песна од радио без гласот на водителот. Лежеле на тревата со пријателите без да прават ништо посебно или сами го истражувале светот околу себе.
Не биле осамени, туку научиле да се чувствуваат пријатно во тишина. Познатата студија во која учесниците попрво избирале благи електрошокови отколку 15 минути да седат сами со своите мисли звучи смешно за генерацијата што ја ценела тишината. Тие не „скролале“ — размислувале, фантазирале и ги обработувале своите впечатоци.
Морале да создаваат нешто од ништо
Иако не се спроведени директни споредби меѓу генерациите, сè поголем број истражувања укажуваат дека постарите возрасни лица генерално се помалку анксиозни од помладите генерации кои живеат во свет на постојана дигитална стимулација.
Растењето пред секој момент на тишина да биде исполнет со бучава ги научило дека досадата не е вонредна состојба. Затоа и денес можат трпеливо да чекаат во долги редици или да се возат во тишина без чувство на нервоза. Не се плашат од непријатна тишина и не паничат ако ги заборават слушалките дома.
Морале да чекаат за работите
Недостатокот на моментално задоволство ја обликуваше оваа генерација на суптилни начини. Немало маратонско гледање серии. Омилената емисија се емитувала еднаш неделно, ако воопшто била на еден од трите достапни канали. Таткото го имал главниот збор во програмата.
Фотографиите се снимале на филм, се носеле на развивање и се чекале со денови, без можност за прегледување или поправка. Телефонските броеви се паметеле напамет, а пријателите се барале по телефон по случаен избор, со надеж дека се дома.
Истражувањата за одложено задоволство покажуваат дека учењето на чекање и толерирање на фрустрации е поврзано со подобра контрола на импулсите и емоционална регулација. Затоа припадниците на оваа генерација ретко ги исполнува моменталното задоволство, научени се дека за повеќето вредни работи е потребно време.
Верувале дека ќе се снајдат
Децата наутро излегувале од дома со едно правило: „Биди дома пред да се запалат уличните светилки.“ Немало проверување, следење локација ниту надзор. Поголемиот дел од денот родителите не знаеле точно каде им се децата. Самите оделе на училиште, самите се враќале и влегувале во празен дом по наставата.
Немало постојан надзор, но постоело очекување. Родителите не биле пријатели, туку авторитет што верувал во способноста на своите деца. Морале самите да проценуваат ситуации и да носат одлуки без интервенција од возрасните. Затоа денес можат критички да размислуваат без постојано насочување или потврда. Преживеале детството кое денес би предизвикало чудење, но тоа не ги скршило, туку ги зајакнало и ги подготвило за животот.






