Под диригентската палка на маестро Владимир Николов, оркестарот ја поведе публиката низ музичко патување инспирирано од богатото македонско музичко наследство, преобликувано во современ џез јазик.
Концертот беше збогатен со гостин-солистот, извонредниот белгиски саксофонист Nicolas Kummert, чиј префинет уметнички сензибилитет и впечатлива интерпретација внесоа дополнителна длабочина во концертната вечер.

Концертот беше проследен со исклучително топол прием и внимание од публиката, а
бројните позитивни реакции и впечатоци по настапот претставуваат силна потврда дека музиката, кога е искрена и автентична, создава непосредна комуникација и трајна поврзаност со публиката, надминувајќи ги сите граници.
Настапот во „BOZAR“ беше реализиран во рамки на манифестацијата „Денови на
македонската култура“ во Белгија, организирана и поддржана од Министерството за
култура и туризам, со чија поддршка се овозможува значаен придонес во континуираната афирмација и меѓународна видливост на македонската култура и уметност.
Националниот џез оркестар со особена гордост ја претстави македонската музичка
традиција пред европската публика, на сцената на еден од најпрестижните културни
центри во Европа.






