Како што соопштува ЕУФОР БиХ, несреќата се случила околу 14 часот, кога возило „фолксваген голф“ изгубило контрола меѓу 24-от и 25-от километар од патниот правец, излетало од коловозот и удрило во дрвја во близина на провалија. Возилото завршило во дијагонална положба, а двете лица во него останале делумно потопени во вода.
„Припадниците на патролата на ЕУФОР брзо реагираа на местото на настанот. Двете лица се обидуваа да се извлечат од пропустот, стравувајќи дека возилото може дополнително да пролизга или да се преврти. Група цивили, исто така, реагираше, обидувајќи се да го стабилизира возилото држејќи го за тркалата за да спречи натамошно движење“, се наведува во соопштението.
Поради можни повреди, особено кај жената за која постоело сомнение за скршеници, спасувачкиот тим постапувал внимателно. Со користење скала како импровизирана носилка, жената била обезбедена и извлечена од пропустот, со цел да се избегнат дополнителни повреди.
Од ЕУФОР посочуваат дека остануваат посветени на безбедноста на сите граѓани на патиштата и ја поздравуваат брзата реакција и тимската работа на припадниците ангажирани во спасувачката операција.
МИА






