Орце Ѓорѓиевски, градоначалникот на Скопје, појасни дека дефектите се последица на долгогодишно нередовно сервисирање. Увидот на австриските експерти од компанијата „Допелмаер“ потврдија неколку потенцијални опасности: истрошени делови, гумените елементи се целосно истрошени, што предизвикувало директно триење на гондолите; нефункционални сензори – дел од клучните безбедносни сензори воопшто не функционирале; ризик од паѓање – поради лошата состојба на механизмите, постоела реална опасност од откачување на кабина.
Вонредна контрола на жичницата беше направена кон крајот на април, по што деталниот извештај покажа дека е потребна целосна санација.
Градските власти во моментов чекаат официјална понуда од „Допелмаер“ за цената и времетраењето на потребниот сервис. Се претпоставува дека жичницата нема да работи неколку месеци.






