петок, 8 мај 2026

Тиквеш доби забрана за регистрација на фудбалери

ФИФА на Тиквеш му изрече суспензија за регистрирање фудбалери поради неисплатени обврски кон фудбалерот Филип Михаљевиќ.

Објавено на

часот

Сподели

Забраната за Тиквеш ќе трае се до целосно подмирување на обврските или најдолго до три следни преодни рока.

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) информираше за забраната.

„Фудбалската федерација на Македонија ја информира јавноста дека, согласно одлука на ФИФА, на ГФК Тиквеш Кавадарци му е изречена забрана за регистрација на нови фудбалери на меѓународно и национално ниво поради неисполнување на финансиските обврски кон фудбалерот Филип Михаљевиќ.

Според официјалното известување од ФИФА, забраната ќе остане во сила сè до целосно подмирување на обврските, а најдолго до три последователни регистрациски периоди. Воедно, ФИФА побара од Фудбалската федерација на Македонија веднаш да ја имплементира одлуката и на национално ниво. Фудбалската федерација на Македонија ќе постапи согласно правилата и одлуките на ФИФА“, стои во соопштението.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ