петок, 8 мај 2026

Три јапонски брода поминале низ Ормускиот теснец без да му платат надомест на Иран

Јапонската бродска компанија Мицуи ОСК лајнс потврди дека три нејзини брода во април не платиле транзитни надоместоци при минување низ Ормускиот теснец.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Станува збор за надоместоците што Техеран ги предложи во рамките на своите предлози за завршување на, како што се наведува, американско-израелската војна против Иран, пишува Ал џезира.

Портпарол на компанијата изјавил за Ројтерс дека ниту во иднина не планираат да плаќаат такви надоместоци. На прашањето како бродовите успеале да поминат, од Мицуи ОСК лајнс, која и понатаму има неколку пловила во Персискиот Залив, одговориле дека тоа го припишуваат на напорите на релевантните земји и чинители.

„Безбедноста на нашиот екипаж, бродовите и товарот и понатаму ќе ни биде главен приоритет“, додал портпаролот.

По тоа, низ теснецот поминале и два танкера за течен нафтен гас под индиско знаме, во сопственост на поврзана компанија.

Ормускиот теснец е една од стратегиски најважните поморски рути во светот. Во нормални околности, низ него минува околу една петтина од вкупниот светски поморски транспорт на сурова нафта и течен природен гас.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ