Регуларниот дел заврши без победник 2-2, иако противничката селекција имаше предност од два гола до самиот финиш на средбата. Андора поведе уште во 14. минута преку Бос, а во 79. минута гостинките стигнаа и до 0-2, со што беа на чекор до триумф.
Сепак, избраничките на селекторката Катерина Милеска не се предадоа и во завршницата успеаја да се вратат во игра. Елена Наумоска во 82. минута намали на 1-2, а само пет минути подоцна повторно беше прецизна за големо израмнување и конечни 2-2.
Победникот потоа се решаваше преку удари од белата точка, каде што Андора беше поуспешна. Клучен момент беше одбранетиот пенал на Марија Велиновска од страна на противничката голманка.
Во вториот натпревар од групата, Косово славеше над Сан Марино со 2-0 и токму оваа селекција ќе биде следен ривал на Македонија. Натпреварот од последното коло се игра в понеделник на стадионот во Турново со почеток од 13 часот.






