Стеваноска вели дека одлуката ја донела поради тенденциите за „политичка дисциплина и молчење“ наместо аргументирана дебата и работа во интерес на граѓаните.
„Советникот не треба да биде декор во политички театар, туку активен и принципиелен глас на граѓаните“, изјави Стеваноска, обвинувајќи дека личните и теснопартиските интереси се ставаат пред интересите на Прилеп. Таа порача дека нема да поднесе оставка на советничката функција, и покрај можните барања од партијата.
„Нема да дозволам на моето место да дојде политички послушник кој немо ќе ги следи седниците“, рече Стеваноска.
ЗНАМ се распаѓа на сите нивоа, коментираат од опозицискиот СДСМ. Претходно и пратеникот на ЗНАМ Миле Цеков ја напушти партијата и владеачката коалиција.
„Веруваме дека постојат уште луѓе во ЗНАМ кои беа измамени и кои не се водени од личен интерес, туку од интересот на граѓаните на Македонија. Ним им порачуваме – не останувајте како соучесници и соработници во најголемото предавство на земјата заедно со криминалната група“, соопшти СДСМ.






