петок, 8 мај 2026

Трајков: Дигиталните вештини и образованието се клучни за европската иднина на младите

Инвестицијата во дигитални компетенции и вештачка интелигенција е суштинска за создавање подготвени генерации кои ќе можат да одговорат на современите предизвици. Дигиталните вештини и образованието се клучни за европската иднина на младите, истакна заменик-министерката за европски прашања Викторија Трајков, во денешното обраќање на завршниот настан од проектот „Код за иднината-Центар за вештачка интелигенција и дигитални вештини“, кој се одржа во Европската куќа Крива Паланка.

Објавено на

часот

Сподели

Трајков нагласи дека проектот претставува успешен пример за практична примена на европските политики во областа на дигиталната трансформација и образованието.

„Ние како Влада сме цврсто посветени кон дигиталната трансформација, а ваквите проекти се уште еден голем импут дека и општество кај нас почнува да се буди и да се насочува кон онаа дигитална транзиција којашто е повеќе од потребна бидејќи светот се движи во таа насока. Овој проект покажува дека европската агенда не е само стратегија, туку реална можност за развој на вештини, знаење и конкурентност кај младите. Денешниот проект е вистински пример како правилно можат да се искористат европските пари, т.е. сите оние фондови коишто ги нуди Европската Унија во поглед на разните младински образовни програми. Токму затоа многу е важно да напоменам дека во делот од реформската агенда дигиталната трансформација е еден од петте приоритети и мислам дека тоа е и еден од најуспешните сегменти во агендата, така што мислам и дека ќе бидеме најуспешни во регионотво рпетстојнито период“, рече Трајков.

Таа посочи дека инвестицијата во дигитални компетенции и вештачка интелигенција е суштинска за создавање подготвени генерации кои ќе можат да одговорат на современите предизвици.

„Образованието има централна улога во процесот на европска интеграција. Нашата цел е да изградиме систем кој ќе создава критички мислечки, иновативни и дигитално писмени млади луѓе. Токму затоа се радувам и што во мал град како Крива Паланка има вакви успешни приказни кои служат како пример за сите оние градови и сите организации кои сакаат да ги искористат европските фондови“, додаде Трајков, со акцент на фактот дека овој проект од Македонија е засега на второ место во Европа.

Проектот „Код за иднината“ опфати 10 училишта од различни региони, над 120 наставници и околу 3.000 ученици, преку практичниактивности насочени кон кодирање, дигиталнивештини и вештачка интелигенција.

„Чест и привилегија да биде домаќин на еден значаен настан посветен на образованието, дигиталната писменост, кодирањето, вештачката интелигенција и иднината на нашите ученици. Овој настан не е само завршница на еден проект, тој е потврда дека и од една локална заедница може да започне силна образовна приказна, која се поврзува со европските вредности, со современите вештини и со визијата за училиште подготвено за иднината. Денес го заокружуваме проектот ‘Код за иднината – Центар за вештачка интелигенција и дигитални вештини’, кој го реализира Здружението за едукација ‘Еду Скилс’ – Крива Паланка, во рамки на EU Code Week, соподдршка од JA Europe и Европската комисија. Основната цел на проектот беше да ги поддржи наставниците, учениците и училиштата во развојот на дигитални компетенции, кодирање, компјутерско размислување и писменост за вештачка интелигенција, преку практичен, инклузивен и применлив пристап. Во изминатиот период, оваа идеја не остана само на хартија. Таа влезе во училниците, во наставничките тимови, во активностите на учениците и во секојдневната практика на училиштата“, рече Добри Јовевски, ЕУ Code week амбасадор на Македонија во ЕУ.

На настанот беа доделени признанија за наставници и училишта кои дадоа значаен придонес во промоцијата на кодирањето и дигиталната писменост. Со вакви иницијативи, Македонија чекори кон посилна дигитална подготвеност и поблиску до европските образовни стандарди. Водечко училиште во Code Week е ООУ „Браќа Миладиновци, Куманово со одделенски наставник Маја Поп Арсова.

„Важноста на овој проект е подеднаква и на анционално ниво, но и како претставник во европски рамки, бидејќи со овие активности ние како држава сме на второто место во Европа според платформата за кодирање, а пред нас е само Малта, што навистина дава голема важност на државата. Ваквите проекти со европски предзнак навистина одат по вистинскиот пат што го бара новото време, дигитализацијата и вештачката интелигенција, но со акцент на етичко костистење на нивните придобивки со мотивирачки креативна алатка што придонесува за квалитет во воспитно-образовнито процес“, изјави Александар Станкоски, претседател на Совет за образование на возрасни при Владата на Република Македонија и наставник во ОУ „СВ.Климент Охридски“ во Македонски Брод.

Амбасадорот за ЕУ Code week, Јовевски, нагалси дека овој проект испрати јасна порака дека иднината не се чека, таа се создава. А во образованието, таа иднина се создава преку наставници кои се подготвени да бидат истражувачи, ментори, иноватори и лидери во своите училишта.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ