Реал Мадрид изминативе два дена беше потресен од расправијата помеѓу Феде Валверде и Оррлиан Чумани, која ескалираше во физичка пресметка по која Уругваецот заврши во болница со „трауматска повреда на главата“.
„Кралевите“ реагираа веднаш и по брза постапка го решија случајот со историска казна.
Клубот од „Бернабеу“ попладнево брифира дека двајцата фудбалери изразиле длабоко жалење за случувањата и се извиниле еден на друг.
Тие исто така им се извиниле и на клубот, соиграчите, стручниот штаб и навивачите, а прифатиле и да ја сносат секоја казна што Реал Мадрид ќе ја одреди.
Што се однесува до казната, „кралевите“ се решиле само за парична, Валверде и Чуамени ќе бидат убаво „удрени“ по џебот и ќе треба да платат по 500.000 евра, што е рекордна сума.
Спортски санкции нема да има, па Орелиан Чуамени ќе може да настапи против Барселона на „Ел Класико“. Феде Валверде сепак се очекува да го пропушти овој натпревар бидејќи докторите му дале препорака да мирува од 10 до 14 дена поради повредата на главата.






