Фигурините високи едвај 50 сантиметри се дизајнирани од германскиот уметник Отмар Херл, а нарачани од Фондацијата „Моцартеум“, објави денеска Фигаро.
Тие го прикажуваат Моцарт со неговото куче Пимперл.
Според фондацијата, фигурините биле поставени во градината каде што шетал композиторот, во неговиот поранешен стан и на други места низ градот.
Херл рече дека не сакал да направи уште еден споменик на Моцарт, туку да ја прикаже неговата човечка страна и да покаже дека, и покрај генијалноста, бил обичен човек.
Фондацијата „Моцартеум“ нарачала вкупно 400 фигурини, од кои некои се чуваат во складиште за да се надоместат евентуалните загуби предизвикани од кражба.
Според претставникот на фондацијата, Линус Клумпнер, две фигурини веќе се украдени, пренесува Асошиејтед прес.
Посетителите кои сакаат да ја понесат фигурината со себе како сувенир можат да ја купат за 100 евра.





