петок, 17 јули 2026

Огромно свлечиште затрупа згради во Кина, луѓе останаа под урнатините (ВИДЕО)

Свлечиште во округот Пенгшуи, во југозападниот кинески град Чонгкинг, во петокот затрупа засега непознат број луѓе и урна неколку станбени згради лоцирани во подножјето на ридот. За несреќата известија државните медиуми, пренесува Ројтерс.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Според државната телевизија ЦЦТВ, локален работник околу 8 часот наутро забележал дека почнал одрон на камења и веднаш издал предупредување. Властите потоа наредиле евакуација на повеќе од 60 жители. Сепак, свлечиштето се активирало во 9:08 часот, токму за време на евакуацијата, при што дел од луѓето останале затрупани.

Сè уште се утврдува точниот број лица кои останале под урнатините. Официјалната новинска агенција Синхуа објави дека од урнатините биле извлечени девет лица и дека никој од нив не е во животна опасност.

Кинеското Министерство за управување со вонредни ситуации активираше втор степен на готовност. Во официјалното соопштение се наведува дека на терен е испратен спасувачки тим од 100 лица, а на местото на несреќата се ангажирани вкупно 206 пожарникари и спасувачи со 49 возила.

Причината за свлечиштето засега не е позната. Снимките од воздух објавени од ЦЦТВ покажуваат како карпи и урнатини се уриваат врз група станбени згради покрај река. На снимките се гледаат и луѓе кои бегаат додека зад нив се шири густ облак од прашина.

Ројтерс ја потврди автентичноста на снимката од камера поставена во автомобил, објавена на платформата Икс. На неа се гледа моментот кога дел од ридот се урива врз куќи и деловни објекти, а карпи и камења се расфрлаат по патот, принудувајќи автомобили и еден мотоциклист нагло да запрат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ