петок, 17 јули 2026

Починат мигрант пронајден во гевгелиско

На 16 јули 2026 година, на местото викано „Мрзенско поле“, во атарот на село Мрзенци, Гевгелиско, бил пронајден починат мигрант А.М.

Објавено на

часот

Сподели

Според пријавеното, околу 11:52 часот, група мигранти од Пакистан преку мобилен телефон побарале помош. По пристигнувањето на местото, полициските службеници затекнале тројца мигранти кои не поседувале лични документи, но изјавиле дека се од Пакистан, како и едно починато лице за кое кажале дека е на возраст од 36 години и било заедно со нив.

Од страна на лекар била констатирана смрт кај лицето, при што не биле пронајдени траги на насилство.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот мигрант било предадено на обдукција.

Тројцата мигранти биле пренесени во Прифатниот центар „Винојуг“ во Гевгелија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ