петок, 17 јули 2026

Кина ги отфрли обвинувањата на Трамп: Тоа се чисти измислици

Кина денеска ги отфрли како „чисти измислици“ изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, кој во своето вчерашно обраќање повторно ги актуализираше обвинувањата за кинеско мешање во американските претседателски избори во 2020 година.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Трамп во четвртокот вечерта го обвини Пекинг дека незаконски прибавил 220 милиони американски досиеја на избирачи, вклучувајќи имиња, адреси и други податоци што се користат при регистрацијата за гласање, како и дека се обидел да „фалсификува“ гласачки ливчиња во корист на Џо Бајден.

„Обвинувањата од американска страна не се ништо друго освен чисти измислици и злонамерни клевети за кои одамна е покажано дека се неосновани“, изјави Лин Џијан, портпарол на кинеското Министерство за надворешни работи, на денешната прес-конференција.

„Кина не е заинтересирана за американските избори и никогаш не се мешала во нив“, додаде тој.

„Напротив, меѓународната заедница јасно гледа кој вообичаено се меша во внатрешните работи на други земји“, продолжи Лин.

„Ја повикуваме американската страна да ги преиспита сопствените постапки, да престане со неоснованите клевети против Кина, да се воздржи од користење на Кина како политичко прашање во своите избори и да направи повеќе за унапредување на односите меѓу Кина и САД“, порача портпаролот.

Доналд Трамп редовно тврди дека Џо Бајден ги „украл“ претседателските избори во 2020 година, но тие обвинувања никогаш не беа докажани.

Поднесени беа повеќе од 60 тужби, а не беше откриена никаква изборна измама што ќе можеше да го промени исходот од изборите. Дури и претставници од администрацијата на Трамп во повеќе наврати ги отфрлија овие тврдења.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ