петок, 17 јули 2026

Пелистер ги доби противниците за групната фаза од Европската лига

Ракометниот клуб Пелистер денеска беше дел од ждрепката за новата сезона од Европската лига, битолчани ги дознаа противниците кои доаѓаат од Германија, Шпанија и Полска.

Објавено на

часот

Сподели

Пелистер ќе игра во групата Г заедно со Гумерсбах од Германија, Ла Риоха од Шпанија и Вибжеж Гдањск од Полска.

Во следната фаза ќе се пласираат прво и второпласираните од осумте групи, а на нив ќе им се приклучат и третопласираните и четвртопласираните тимови од Лигата на шампионите.

Вкупно 28 екипи ќе формираат 14 двојки, чии победници ќе обезбедат место во осминафиналето. Таму ќе им се приклучат и петтопласираните состави од главната рунда на ЛШ, а најуспешните ќе се борат за пласман на завршниот турнир (Фајнал фор) во Хамбург.

Новата сезона во Лигата на Европа ќе започне на 29 и 30 септември, кога ќе се одиграат натпреварите од првото коло од групната фаза.

Европска лига

ГРУПА А: Нексе Нашице, Елверум, Сен Рафаел, Хамарби

ГРУПА Б: Бидасоа Ирун, Лимож, Хафнарфјордур, Мадеира

ГРУПА Ц: Извиѓач Љубушки, Кадетен Шафхаузен, Шамбери, ЧСМ Букурешт

ГРУПА Д: Савехоф, Татран Прешов, Сесвете, Бергишер

ГРУПА Е: Фленсбург, Гранољерс, Бузау, Агуаш Санташ

ГРУПА Ф: Бенфика, Карвина, Торелавега, Холстебро

ГРУПА Г: Еурофарм Пелистер, Гумерсбах, Ла Риоха, Вибжеже Гдањск

ГРУПА Х: Татабања, Валур, Слован Љубљана, Морс

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ