петок, 17 јули 2026

17-годишник од Беловиште фатен како управува мопед без возачка дозвола

Полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар на 16 јули 2026 година во 17:45 часот, на булеварот „Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, сопреле мопед со гостиварски регистарски ознаки, управуван од 17-годишник од село Беловиште, Гостивар.

Објавено на

часот

Сподели

При контролата било утврдено дека малолетникот го управувал мопедот пред да се стекне со право на управување, односно без возачка дозвола.

По консултација со дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар, возачот бил лишен од слобода, а мопедот бил одземен.

По целосното документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ