петок, 17 јули 2026

Дресот на Пеле од финалето на Светското првенство во 1958 година продаден за 4,9 милиони долари (ВИДЕО)

Дресот со број 10 што го носеше легендарниот бразилски фудбалер Пеле во финалето на Светското првенство во 1958 година е продаден за 4,9 милиони долари, соопшти денеска аукциската куќа „Сотби“.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Пеле, кој почина во 2022 година, имаше 17 години кога постигна два гола во победата на Бразил од 5-2 над домаќинот Шведска на стадионот „Расунда“.

Пеле го подарил овој рачно изработен дрес по финалето на својот цимер и соиграч Диди.

Дресот останал во сопственост на семејството на Диди со децении пред да биде сместен во бразилски музеј, а на крајот бил откупен во 2004 година.

„Сотби“ соопшти дека дресот што го носеше бразилската ѕвезда е вториот највреден фудбалски дрес што некогаш е продаден. Дресот на Диего Марадона од натпреварот „Божјата рака“ беше продаден во 2022 година за 9,3 милиони долари.

Предходниот највреден предмет од колекцијата сувенири на Пеле беше колекционерска картичка од 1958 година, која минатиот месец беше продадена за 976.000 долари, соопшти аукциската куќа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ