„Вчера во домот на К.С., 38-годишен кавадарчанец, од страна на полициски службеници од ОВР – Кавадарци биле пронајдени и одземени 262 куршуми, 51 ловни патрони и затворач од ловен карабин, што ги поседувал без дозвола. Со К.С. е извршен службен разговор, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, појаснија од СВР – Велес.




