Швајцарската федерација одлучи средбата на 6 октомври да се одигра на стадионот „Термоплан“, кој располага со капацитет од 16.800 гледачи и е дом на Луцерн.
Домашната селекција последен пат настапи на овој стадион на 4 јуни 2024 година, кога убедливо ја совлада Естонија со 4-0. Во досегашните настапи во Луцерн, Швајцарија има само еден пораз, и тоа на пријателски натпревар против Романија во 2012 година. Стадионот е пуштен во употреба во 2011 година, а неговата изградба чинеше околу 60 милиони евра.
Покрај Швајцарија, противници на Македонија во групата од Лигата на нации се и селекциите на Шкотска и Словенија. Натпреварот со Шкотска ќе се игра во Глазгов, додека гостувањето кај Словенија е на стадионот „Стожице“ во Љубљана.





