петок, 17 јули 2026

Четворица приведени кај Пршовце: Во БМВ пронајдени фантомки, ножеви и пендрек

Полициски службеници од Полициското одделение Теарце на 17 јули 2026 година во 00:30 часот, на регионалниот пат Тетово – Јажинце, во село Пршовце, запреле патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки.

Објавено на

часот

Сподели

Со возилото управувал Е.С. (19) од село Ново Село, Желино, а како сопатници биле Е.Н. (19), Н.С. (19) и 14-годишник, сите од истото село.

При преглед на возилото, полициските службеници пронашле и одзеле три црни капи-фантомки, три ножа на расклопување и еден пендрек.

Лицата биле приведени и задржани во полициска станица, а по целосното документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава по член 80 став 1 од Законот за оружје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ