петок, 17 јули 2026

Машиновозач повреден при судир на две локомотиви пред Железничката станица во Велес

Вчера околу 04:00 часот во СВР Велес било пријавено од Ургентниот центар при ЈЗУ „Општа болница“ Велес дека кај нив со телесна повреда бил донесен Т.Р. (27) од Велес.

Објавено на

часот

Сподели

Според пријавеното, околу 03:00 часот пред Железничката станица во Велес, при премостување на влечни локомотиви од еден на друг колосек, една локомотива удрила во друга паркирана локомотива.

Во моментот на ударот во паркираната локомотива се наоѓал машиновозачот Т.Р., кој се здобил со телесна повреда.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Велес.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ