петок, 17 јули 2026

Тешка сообраќајка во Скопје: повреден е 22-годишен мотоциклист

На 16 јули 2026 година во 08:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата „Благоја Стефковски“ и улицата „Петре Филиповски-Гарката“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки и мопед со скопски регистарски ознаки.

Објавено на

часот

Сподели

Со патничкото возило управувал М.П. (71) од Скопје, додека мопедот го управувал Х.Р. (22) од село Инџиково, Скопско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а со телесни повреди неговиот сопатник З.А. (20) од Скопје. Повредите биле констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.

На местото на несреќата бил извршен увид од увидна екипа на СВР Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ