петок, 17 јули 2026

17-годишен мотоциклист тешко повреден по пад со мотор кај Кучково

Вчера во 16:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во село Кучково, Скопско, се случила сообраќајна несреќа во која биле повредени две лица.

Објавено на

часот

Сподели

Според пријавеното, 17-годишник од Скопје, управувајќи мотоцикл „хамачи“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола над мотоциклот и паднал на коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, додека неговиот 15-годишен сопатник од село Волково, Скопско, се здобил со телесни повреди. Повредите биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

На местото на несреќата бил извршен увид од увидна екипа на СВР Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ