„Веднаш се преземени соодветни мерки и активности за запирање на возилата и легитимирање на лицата, по што од слобода е лишен А.А. (43) од Скопје, кој го управувал возилото ‘пежо’, додека возачот со возилото ‘фолксваген’ се дал во бегство на косовска територија. Воспоставена е координација со припадници на косовската полиција – Task Force, кои презеле мерки за негово запирање, при што возилото излетало од патот“, се наведува во соппштението на МВР.
Од МВР посочуваат дека двете возила се одземени за понатамошна постапка, известен е јавен обвинител и по целосно расчистување на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.





