петок, 17 јули 2026

Предложен притвор за британски државјанин што фрлал камења врз даночните контролори кај Куклица

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против 41-годишен британски државјанин поради сомнение дека го сторил кривичното дело „sпречување службено лице во вршење службено дејствие“, соопшти Обвинителството.

Објавено на

часот

Сподели

Според наводите, на 16 јули на локалитетот „Камени Кукли“ во селото Куклица, Кратово, осомничениот го спречил постапувањето на двајца даночни контролори кои извршувале службени дејствија поврзани со контрола на претходно поставени обележја за привремена забрана за вршење дејност.

Осомничениот, како што наведува Обвинителството, фрлал камења кон даночните контролори и кон нивното службено возило, поради што тие биле принудени да го напуштат локалитетот без да ја завршат контролата.

Ценејќи ги околностите на случајот, надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка при Основниот суд во Куманово доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ