петок, 17 јули 2026

Силно невреме ја зафати Франција, две лица загинаа (ВИДЕО)

Силното невреме што ја погоди Франција во текот на ноќта по продолжениот топлотен бран однесе најмалку два животи, а 53.000 домаќинства остави без струја. Информации за последиците од невремето објавија француските медиуми и националниот оператор на електричната мрежа, пишува Ројтерс.

Фото: принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

Една од жртвите е жена која починала во четвртокот вечерта во градот Сен-Виктурниен во централниот департман Вин, откако врз неа паднало дрво. На истокот од земјата, во Доломее, пронајдено е тело на маж во работилница уништена од пожар. Агенцијата АФП јави дека пожарот бил предизвикан од удар на гром.

Операторот на електричната мрежа Енедис во петокот потврди дека вкупно 53.000 домаќинства останале без струја. Најмногу проблеми со снабдувањето се забележани во регионите Оверњ-Рона-Алпи на југоисток и Нувел-Аквитанија во југозападниот дел на Франција.

Во петокот, националната метеоролошка служба Метео-Франција го укина портокаловото предупредување за невреме со грмотевици во сите погодени департмани во југоисточниот дел на земјата. Службата претходно најави опасност од крупен град и бурни ветрови во областа од Централниот масив до Алпите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ