недела, 9 ноември 2025

Дијамант од 340 карати пронајден во Русија

Дијамант од 340 карати е пронајден во рускиот регион Архангелск – еден од петте најголеми досега пронајдени во Русија, објави регионалниот гувернер Александар Цибуљски.

Фото: Ансплеш

Објавено на

часот

Сподели

„Уникатно откритие на наоѓалиштето Владимир Гриб – дијамант од 340 карати! Ова е рекорд за целата историја на индустрискиот развој на ова наоѓалиште каде што работи АГД Дајмондс и е еден од петте најголеми дијаманти ископани во современа Русија“, напиша Цибуљски на Телеграм.

Тој изјави дека дијамантот не е само импресивен по големина, туку и со исклучителен квалитет и многу вреден на пазарот.

Ваквите кристали сочинуваат помалку од два отсто од сите природни дијаманти, според Спутник.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ