петок, 22 мај 2026

Дел од скалите на Ајфеловата кула продаден за повеќе од 450 илјади евра на аукција

Спиралниот сегмент од оригиналните скали на Ајфеловата кула е продаден за повеќе од 450 илјади евра на аукција во Париз во четвртокот.

Фото: Ансплеш

Објавено на

часот

Сподели

Купувачот, кој бил присутен во аукциската сала, станал сопственик на дел од скалиште со 14 скалила, високо 2,7 метри и тешко 1,4 тони од 1889 година, кога бил завршен споменикот што се издига над центарот на Париз.

„Кога купувате дел од Ајфеловата кула, купувате дел од Париз, заедно со целата имагинација и симболика што ја претставува“, рече Сабрина Дола, директорка на Арт Деко дизајн во париската аукциска куќа Арткјуријал, каде што се одржа продажбата.

Пред повеќе од четири децении, вкупно 160 метри скали беа исечени на помали делови потоа беа продадени, и заменети со лифтови кои денес ги превезуваат посетителите до највисоката платформа за набљудување на Ајфеловата кула.

Делот продаден во четвртокот достигна цена од 450.160 евра, три пати поголема од горната граница на проценетата вредност пред продажбата, што е помеѓу 120.000 и 150.000 евра.

Во 2008 година, еден дел беше продаден на приватен американски купувач за рекордни 550 илјади евра.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ