понеделник, 1 јуни 2026

Жена краде цвеќе од гробот на тапанарот на ДНК, кој загина во пожарот во Пулс (ВИДЕО)

Покрај огромната загуба, онаа на синот што загина во пожарот во дискотеката Пулс во Кочани, дополнителна болка на таткото на тапанарот Ѓорѓи Горѓиев периодов му причинуваат кражбите што се случуваат на гробот на Ѓорѓи. Тој разочаран се пожали на Фејсбук, каде што напиша дека 14 пати досега се краде од гробот на неговиот син.

Објавено на

часот

Сподели

„14 кражби на нашиот ангел. И ден-денес не го оставаат на мир гробот на мојот син. Не знам со какво срце и душа сѐ уште крадат од гроб. Да си жива и здрава, тетке, која и да си, и да ти се живи и здрави децата“, напиша таткото на починатото момче.

Ѓорѓи Горѓиев од Струмица e тапанарот на ДНК, кој загина во пожарот во Кочани и е еден од нашите непреболени ангели.

Неговиот татко Драги постојано споделува фотографии од него на својот Фејсбук профил.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ