Сепак, експертите предупредуваат дека Преспанското Езеро сè уште е далеку од безбедна состојба. Како последица на климатските промени и природното понирање кон Охридското Езеро преку карстниот релјеф, езерото во последните 60 години изгубило околу 60 проценти од својот волумен вода.
За 6 месеци нивото на Преспанското Езеро зголемено за 1,5 метар
За шест месеци водостојот на Преспанското Езеро е зголемен за речиси 1,5 метар. Од Секторот за животна средина во Општина Ресен велат дека прекинат е долгорочниот тренд на постојано опаѓање на нивото на водата. Проценките се дека ако поволните хидролошки години со повеќе врнежи и снег продолжат уште две години, нивото на езерото би можело да се врати на состојбата од 2000 година.

Објавено на
часот





