вторник, 26 мај 2026

ВМРО-ДПМНЕ: За Ковачевски курс на Харвард е факултетска диплома?

Објавено на

часот

Сподели

„Дали е точно дека Ковачевски курсот на Харвард го прикажувал како факултетска диплома? Ако е точно, тогаш направил класична лага и манипулација на јавноста, бидејќи ваквиот курс е скапо платена кратка едукација платена со неколку десетици илјади евра, со кој може да се стекне секој граѓанин со завршен факултет во земјава, само доколку има доволно пари за него за да може да плати и да го посетува.

Во тоа се гледа очајот на Заев да најде продолжувач на заевизмот, па мораше да го преставува Ковачевски како студент од Харвард за да звучи уверлив, а тој бил само курсаџија. Пиунот Ковачевски од курсаџија стана главен адут на Заев. Тажно, но вистинито.

Очигледно фарсата наречена нов лидер на СДСМ, добива нови димензии. Ковачевски е веројатно најдобриот пиун кој можел Заев да го одбере во СДСМ со цел да продолжи заевизмот и контролата на партијата како сопствена приватна фирма.

Ништо во СДСМ  не се менува, заевизмот владее заедно со сиот криминален и коруптивен систем кој произлегува од него“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ