ВМРО-ДПМНЕ смета деека премиерот нема да ги прифати оставките и повторува дека Филипче и Хасани имаат рок до вторник да ги поднесат оставките до Собранието.
„Доколку не ги поднесат, ВМРО-ДПМНЕ во координација со другите парламентарни партии ќе поднесе Предлог одлука за разрешување на министерот за здравство и неговиот заменик. ВМРО-ДПМНЕ нема да бара интерпелација за таа да не заглави во некоја од фиоките на Талат Џафери. Филипче и Хасани мора да сфатат дека одговорност мора да има и тие не смеат да бидат на своите позиции од морални причини. Тоа што ќе покаже истрагата е предмет дали за нив ќе има кривична одговорност или не. Тоа се два различни поими и постапки кои треба да течат одвоено“, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.






