„Во автобусот очигледно немало ниту потребна опрема за спасување при несреќа, која опфаќа обични чекани за кршење на стакла, ниту противпожарни апарати. Три дена по несреќата државата не располага со податоци кои лица се починати, колку луѓе имало во автобусот, колку се спасени. Оставени се и семејствата на починатите и јавноста на нагаѓањето на медиумите.
Се што требаше да се направи е да се побара список од компанијата кои луѓе се качиле во Македонија, колку од нив се вратиле и кои во кој автобус биле. За оваа проста операција на власта ѝ требаат три дена. Случајот изнесе на површина и дека во изминатиот период секакви возила биле пуштани во сообраќај, и за тоа мора некој да сноси одговорност“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.






