„Наместо на капитални инвестиции се трошеа пари за непродуктивни набавки. Нема повеќе клупи од 300 и 500 евра во Аеродром како што имаше со СДСМ, ниту возила се плаќаат двојно поскапо како што плаќаше Шилегов. Во Кисела Вода, Бутел и Ѓорче Перров градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ една недела го чистеа ѓубрето кое тие од СДСМ претходно го оставиле. Во Гази Баба и Илинден се работи забрзано. Градоначалникот на Штип и Охрид исто така работат и прават проекти за своите средини. Секој еден градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ е на терен со народот. Ги слуша и ги решава нивните проблеми. Посветеноста и проектите се наша одлика и граѓаните ќе сведочат за разликата со СДСМ“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ создаваше проблеми, нашите градоначалници ги решаваат проблемите на граѓаните

ТОП ВЕСТИ





