„Арсовска целиот свој работен век креира додадена вредност за општеството, а Шилегов потроши 12.5 милиони евра од продажбата на градската куќа, а никој не знае на што и како. Арсовска помагала во раст и развој на голем број на компании, а какатеристично за Шилегов е тоа што за противпожарна скала платил 900.000 евра повеќе од тоа што за истата таква скала платил градот Загреб“, пишува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, неспоредливи се Данела Арсовска и Петре Шилегов, дека таа е „работник, упсешен менаџер, а Шилегов е неспособен неработник и мрзелив.






