четврток, 21 мај 2026

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ сее лаги за Шилегов соочени со седми пораз

Објавено на

часот

Сподели

ВМРО-ДПМНЕ колку сака може да ја замајува јавноста со сопствените конструкции, неосновано да упатува обвинувања за наводна корупција, да врши притисок врз институциите, но ниту една финта од бегалецот Груевски нема да ги спаси од силниот пораз кој ги очекува и на овие избори, како во Град Скопје, така и во најголем број од општините ширум државата, се вели во реакцијата во која се додава дека засилената активност на фабриката за лаги на ВМРО-ДПМНЕ е вистински доказ дека оваа партија не успеа да ги убеди скопјани со позитивни идеи, план, концепт што значи помодерно и европско Скопје.

Според СДСМ, во „белиот дворец“ им станува јасен фактот, како што пишува во реакцијата, дека граѓаните знаат дека Данела Арсовска е кадар на Груевски и оти нема шанса за победа.

„Единственото нешто што им преостанува е непрестано да шират лажни вести и да водат негативна кампања во очаен обид да го ублажат поразот. Граѓаните прават споредба и разлика помеѓу понудата на истрошени кадри на Груевски и осомничени за сторени кривични дела и кадрите на СДСМ кои го носат најдоброто“, пишува во соопштението на владејачката партија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ