„Ова се кандидатите кои според сите истражувања, анализи и испитувања на јавното мислење се најдобрата понуда за општините Берово, Гази Баба, Неготино, Могила и Ранковце“, соопшти претседателот на СДСМ Зоран Заев.
Процесот на селекција на кандидатите за градоначалници продолжува до крајот на август, до кога се очекува негово целосно заокружување, велат од СДСМ.
Делков, Георгиевски, Гулевска и Пекевски се актуелни градоначалници и на изборите ќе се борат за нов мандат. Претходно СДСМ веќе номинира триесетина кандидати за градоначалници од кои повеќето се веќе актуелните.






