понеделник, 18 мај 2026

Студенти Албанци на протест побараа полагање на правосудниот испит на албански јазик

Неколку илјади студенти Албанци, како и граѓани од сите возрасти, попладнево одржаа протест во центарот на Скопје на кој побараа да се дозволи полагање на правосудниот испит на албански јазик во Македонија. На протестот доминираа албански знамиња, како и знамињата на ЕУ и САД. Македонското државно знаме го немаше. Покрај знамињата, дел од учесниците со рацете „летаа“ „орли“ (двоглавиот орел е симбол кој се наоѓа на знамето на Република Албанија) и извикуваа „УЧК, УЧК…“. На протестот може да се забележат и пратеници и високи членови од ДУИ.

Објавено на

часот

Сподели

Маршот започна од Старата скопска чаршија и заврши пред Министерството за правда. Организаторите порачаа дека ќе продолжат со протестите сѐ додека не се исполни нивното барање.

„Обединете се со студентите – сите заедно“, гласеше главниот слоган на протестот, кој е втор по ред организиран од студенти-Албанци, како резултат на, како што велат, отфрлањето на нивното барање за полагање на правосудниот испит на албански јазик.

Претходно денеска од Владата соопштија дека премиерот Христијан Мицкоски денеска одржал работна средба на која присуствувале копретседателите на Влен, Билал Касами и Изет Меџити, на која се разговарало за темата со употребата на јазиците при полагање на правосудниот испит.

Во меѓувреме, заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали денеска од собраниската говорница кажа дека правосудниот испит и сите други испити поврзани со него во иднина ќе се полагаат на албански јазик.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ